Иако првично беше сменета политиката, и АЕК Атина се ослободи од сите странци од минатата сезона и започна со ангажман на домашни ракометари, сепак донесе низа квалитетни интернационалци пред стартот на новата сезона.
Последен во низата е несудениот вардарец Жилберто Дуарте, кој доаѓа од францускиот Екс Ан Прованс.
Некогашниот член на Лагоа, Порто, потоа на Висла Плоцк, Барселона, Монпелје и Гепинген, беше поврзуван со камбек во татковината, но сепак се реши за друг предизвик во кариерата.
Пoкрај Дуарте, АЕК претходно се засили со голманот Јан Жанти и левото крило Адам Кеита од ПСЖ, дојде екс германскиот репрезентативен пивот Ерик Шмит од Вецлар, како и младиот хрватски кружен напаѓач Петар Лулиќ од австрискиот Барнбах.