По Петар Атанасијевиќ, кој не настапи на дуелот со Романија во последното коло од групната фаза на Европското првенство во Шведска, Данска и Норвешка, повреда заработи и неговиот брат, Павле Атанасијевиќ.
Бекот на „црвено-жолтите“ беше нокаутиран во самиот финиш од натпреварот, откако доби лакт директно во носот од Габриел Кумпаничи.
При еден романски напад, Кумпаничи го удри македонскиот ас и заслужено доби директен црвен картон, додека Атанасијевиќ со крваво лице се упати кон клупата.
Првичните прогнози не се охрабрувачки, бидејќи постои сомнеж за скршеница на носот, но конечната дијагноза ќе биде позната по дополнителните лекарски прегледи во наредните денови.
























