НЕСЕКОЈДНЕВНО: Словенец го сруши мундијалскиот рекорд на Наталија Тодоровска!

Натпревар за историја одигра Аљуш Анжиќ на Светското првенство за кадети кое се одржува во Египет.

Словенечкиот бисер буквално ја „бомбардираше“ Норвешка, постигнувајќи 23 погодоци – и тоа со само два промашени удари во целиот меч што на крајот заврши реми, 37-37.

Со ова тој го сруши мундијалскиот рекорд на поранешната македонска репрезентативка Наталија Тодоровска поставен на сениорското СП 2005.

Таа на мечот меѓу Македонија и Камерун на Мундијалот одигран во Русија успеа да постигне 21 погодок во противничката мрежа, но сега падна на второто место на вечната листа.

Подвигот на младиот Словенец сигурно ќе остане запишан како еден од најимпресивните индивидуални настапи во историјата на Мундијалите во било која категорија.