Изборниот процес за претседател на Светската ракометна федерација се соочи со сериозни технички проблеми за време на Конгресот што се одржува во Каиро, што предизвика хаос и незадоволство кај дел од делегатите.
Дури 41 делегат не беаво можност да го слушнат текот на седницата и гласањето поради проблеми со интернетот во салата. Од вкупно 211 земји членки на ИХФ, на Конгресот присуствуваат 176 делегации, но само 135 од нив имаа целосни услови да го следат процесот без пречки.
Останатите делегати биле замолени да ги користат своите мобилни телефони и интернет за да го следат гласањето онлајн, при што организаторите ветија дека ќе им бидат надоместени трошоците за мобилен интернет.
Техничките проблеми доаѓаат во исклучително чувствителен момент, бидејќи изборот на нов претседател на ИХФ е во фокусот на светската ракометна јавност. Ситуацијата веќе предизвика сомнежи и прашања кај дел од набљудувачите околу регуларноста и транспарентноста на целиот процес.
Наскоро проблемите би требало да бидат решени и гласањето да продолжи.


























