Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед по поразот кај данскиот Алборг доживеа непријатно изненадување во домашниот шампионат.
ПИК Сегед загуби на незгодното гостување кај Чурго со 32-27, иако на располагање ги имаше најдобрите ракометари.
По 7-4 за ПИК Сегед по десетина минути, Чурго направи серија од седум погодоци за 11-7 и до крајот на мечот успеа да ја задржи.
Во домашниот тим доминираа Туфегџиќ со шест гола, како и Пап, Брајовиќ со по четири погодоци, додека кај ПИК Сегед се истакна Фримел со шест.
ПИК Сегед и покрај поразот останува прв на табелата со 12 бода од седум меча, додека второто место го делат Веспрем и Ѓер, со по пет меча и 10 бода, а денеска ќе имаат меѓусебен дуел.