Немаа дресови со презимиња, ЕХФ ги казни

Ракометниот Суд на ЕХФ изрече парична казна кон Ракометната федерација на Литванија поради прекршок направен за време на ЕП за младинки во Црна Гора, одржано во јули.

Во првите два натпревари на шампионатот, младинската репрезентација на Литванија настапи без испишани презимиња на задниот дел од дресовите, што е спротивно на пропозициите.

Поради тоа, федерацијата доби парична казна од 5.000 евра, од кои половината е со условна примена.

Литванската федерација има право на жалба до Судот за жалби на ЕХФ во рок од седум дена.