Нема веќе билети – се е спремно за спектакл и македонско „Ел Класико“

Нема повеќе билети за натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер на кој ќе се реши кој тим ќе биде шампион на Македонија.

Од „црвено-црниот“ клуб објавија дека сите билети се распродадени и дека салата „Јане Сандански“ ќе биде полна.

Вардар и Еурофарм Пелистер имаат по 19 бодови на делбата на првото место, а покрај „Комити“, најавено е присуство на „Чкембари“.

Натпреварот со кој треба да кулминира сезоната во Супер лигата, ќе се игра в сабота во салата „Јане Сандански“ од 19:30 часот.