Во центарот на вниманието на македонската јавност наредната недела ќе биде македонското „ел класико“ меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и Вардар.
Домашниот тим објави дека сите билети се продадоа за петнаесетина минути, па Вардар ќе го чека мотивиран противник и (пре)полна сала со „Чкембари“.
Но и вардарци ќе ги имаат своите „Комити“ во Битола, а натпреварот е закажан за среда, 10 декември, со почеток од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.
Вардар е лидер на табелата со 30 бодови, додека Еурофарм Пелистер има 26 на втората позиција.


























