Нема промени – Мустафа и натаму ќе владее со светскиот ракомет!

Денеска во Каиро, на Изборниот конгрес на ИХФ, беше избран претседателот на светска куќа на ракометот.

Тоа ќе биде досегашниот претседател, Хасан Мустафа, кој доби нов мандат и ќе владее со светскиот ракомет наредните четири години.

Мустафа е на чело на ИХФ од 2000 година и ако го комплетира целиот нов мандат ќе има 85 години.

Египќанецот освои 129 гласови (73%), Фрањо Бобинац имаше 24, Герд Буцек 20, додека Тјарк Де Ланге само 3, од присутните 176 делегати.

За потпретседател на ИХФ беше избран Французинот Филип Бана.