Нема одмор за вардарци – денеска славје, утре нов натпревар

Само ден по освојувањето на трофејот во Купот на Македонија, ракометарите на Вардар ќе мора да одиграат уште еден натпревар.

„Црвено-црните“ ќе му гостуваат на Тиквеш во натпреварот од 9 коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Момците на Гиљермо Милано мора да слават во Кавадарци, ако сакаат да останат во пол-позиција во битката за титулата со Еурофарм Пелистер.

На табелата, Вардар и Еурофарм Пелистер се на делба на првото место со по 17 бодови, додека тимот на Кирил Лазаров е трет со 11 бодови.

Натпреварот ќе се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 19:00 часот.