Нема одмор за шампионот – денеска против Тиквеш, в сабота против Еурофарм Пелистер 2

Нема одмор за ракометарите на шампионот Еурофарм Пелистер, кои за осум дена ќе одиграат четири натпревари.

Синоќа пелистерци играа против големата Барса во Лигата на шампионите, а веќе денеска од 18:00 часот во салата „Јасмин“ е дуелот со Тиквеш од Супер лигата од 7 коло.

В сабота ќе се игра натпреварот од 8 суперлигашко коло против Еурофарм Пелистер 2, додека во вторник ќе следува пат кон Германија.

Таму битолчани ќе се соочат со европскиот првак Магдебург во натпревар што е закажан на 23 октомври од 20:45 часот.