Нема крај на проблемите на Зорман и Словенија

Нема крај на проблемите на селекторот на машката репрезентација на Словенија, Урош Зорман, пред стартот на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска.

Тој го повика дополнително левото крило на Рибница, Урош Кнавс, бидејќи на повреда се пожали Сташ Слатинек Јовичиќ.

Членот на шампионот Слован Љубљана би требало да биде подготвен за настап на ЕП, но Зорман не сака ништо да ризикува.

Претходно поради семејни причини откажа Нејц Цехте, а поради повреди или замор отпаднаа Миха Зарабец, Јака Малус, Матиц Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Борут Мачковшек, Блаж Благотинштек…

Словенија е дел од групата со Швајцарија, Црна Гора и Фарски Острови.