Поранешниот ракометар на Металург, Охрид и Вардар, а сега на Војводина – Стефан Додиќ, нема среќа со повредите.
Средниот бек на српскиот првак се повреди по само неколку минути на терен во салата „Борик“ во Бања Лука, каде што се играше Супер Куп натпреварот со Партизан.
Ова е продолжување на малерите што го следат Додиќ, откако ја пропушти скоро целата мината сезона.
Тој се судри со Вељко Поповиќ од Партизан и остана да лежи на паркетот во финишот на првото полувреме, а потоа го напушти теренот.
Според „Моцарт Спорт“, не е во прашање повреда на коленото која го мачеше цела претходна година, туку за повреда на зглобот која ќе го оддалечи повторно од терените, но не е познато колку време.