Нема гледање бесплатно ракомет во Словенија – колку ќе се плаќа?

Ракометната сезона во Словенија стартува на 6 септември, а голема новина е што натпреварите повеќе нема да се емитуваат бесплатно преку YouTube-каналот на словенечката ракометна федерација. Од сега, сите прволигашки и натпревари од другите категории ќе се следат преку новата стриминг-платформа rzstv.si, но за тоа ќе треба да се плати.

Цената за еден пренос од лигата е 5,99 евра, за втората лига е 4,99 евра, а за женската и младинските лиги 3,99 евра. Месечната претплата за целата лига NLB изнесува 12,99 евра, додека навивачите кои сакаат да ги следат исклучиво натпреварите на својот клуб ќе можат тоа да го прават за 9,99 евра месечно.

На телевизија и понатаму ќе има по еден меч од коло, како и уште 16 дополнителни преноси во текот на сезоната.

Од Ракометната федерација на Словенија велат дека приходите ќе одат директно во клубовите, а преносите ќе бидат со подобар квалитет и автоматизирана продукција.

За разлика од Словенија, во Македонија сите мечеви се задолжителни за пренесување со лајф стрим, и се е бесплатно.