Селекторот на Србија, Борис Ројевиќ, го комплетираше стручниот штаб во националниот тим со тренер на голмани.
Според „Моцарт Спорт“ наместо планираниот Дејан Периќ од Фуксе Берлин, на тоа место доаѓа Славиша Ѓукановиќ, кој работи во Екс Ан Прованс.
Српскиот чувар на мрежата долго време играше во Франција, а сега е дел од стручниот штаб на Екс Ан Прованс.
Ѓукановиќ потпиша соработка со Српскиот Ракометен Сојуз на една сезона, со можност ако двете страни се задоволни таа да биде продолжена.
Србија има тежок ривал во баражот за Мундијалот во Данска, Норвешка и Хрватска, и ќе се соочи со Шпанија.