Хрватската ракометна федерација донесе одлука за прекинатиот натпревар против Загреб и го регистрираше со службена победа за актуелниот првак со 10-0.
Покрај тоа на Нексе Нашице ќе му биде одземен еден бод и тимот ќе остане на третото место на табелата во плеј-офот.
Поведени се постапки против Марко Безјак, кој беше виновникот за прекин на натпреварот, потоа и против тренерот Веселин Вујовиќ и Андраж Велкаврх, кои беа најбунтовни во реакциите кон судискиот пар.
Безјак може да добие суспензија од неколку месеци до доживотна, а хрватските медиуми пишуваат дека многу веројатна е втората варијанта.
Нексе загуби и од Сесвете, па сега освен што треба да го совлада на реваншот со повеќе од пет гола, откако на првиот меч загуби со 38-33, ќе мора да се надева на некој друг негов кикс до крајот за тимот од Нашице да биде на второ место и да оди на финална серија за титула со Загреб.
По пет кола, Загреб е прв со десет бода, Сесвете е втор осум, додека Нексе е трет на табелата со шест бода.
Хрватите без милост – на Безјак му се заканува доживотна суспензија!
🎥 Ова е инцидентот поради кој беше прекинат мечот Нексе – Загреб
Хаос, тензии и прекин на хрватското дерби – Безјак го сруши делегатот, лекарите му укажуваа помош…