Хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице ги промовираше последните две засилувања пред стартот на новата сезона.
Најзвучното меѓу сите летни засилувања, покрај Тин Лучин, е десниот бек на Словенија, Јуре Доленец.
Тој по завршувањето на престојот во Лимож, имаше опција да продолжи во Сен Рафаел, но екс играчот на Барселона и Монпелје, реши да се врати на балканот.
Ќе биде замена за Иван Сршен, кој продолжува во составот на Вараждин.
Покрај Доленец, Нексе промовираше уште еден играч – средниот бек Мислав Гргиќ, кој доаѓа од австрискиот Линц, каде беше најдобар играч во освојувањето на титулата.
Претходно Нексе ги донесе Лучин, Климков, Козина, Вучко, Цениќ…