Хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице донесе замена за словенечкиот интернационалец Јуре Доленец, кој си замина по една полусезона.
Во Нашице пристигна Петар Крупиќ, кој се обврза на договор со Нексе на следните три сезони и ќе остане најмалку до 2028 година.
Доленец побара раскин по крајот на Мундијалот и се врати во татковината за да го облече дресот на амбициозниот Слован Љубљана.
Нексе се најде во небрано, мораше набрзина да реагира и да донесе нов играч на десната страна пред стартот на борбите во плеј-офот со Загреб.
Крупиќ ги минал младинските селекции на Хрватска, но во сениорска конкуренција не е познато име.