Репрезентацијата на Данска обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство 2025, откако во четвртфиналниот натпревар против Бразил славеше сo 33:21.
Бранителот на светското злато во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Германија.
Одлична партија против Бразил имаше искусниот Расмус Лауге, кој ги сподели импресиите по обезбеденото полуфинале.
,,Мислам дека доминиравме од првата минута, имаше период само кога делувавме несигурно, на пауза заминавме со плус три, потоа сѐ одеше според планот, а играта „седум на шест“ одлично функционираше. Сега останува да поправиме некои работи до полуфиналето, јас сум горд на момците”, изјави Лауге.