Грузиска ракометна федерација донесе важна одлука на денешната седница на УО, каде во фокус беа настапите на националниот тим и идните планови.
По анализата на последните резултати, раководството едногласно одлучи да му се заблагодари на селекторот Тите Каландадзе и неговиот стручен штаб за досегашната работа и придонес.
Некогашниот ракометар на Вардар ја водеше селекцијата во минатите две и пол години, но не успеа да ја однесе Грузија до третиот бараж за СП 2027.
Иако Грузијците играа два пати на домашен терен, сепак ниту тоа не им помогна и за еден гол беа елиминирани од Израел.
Федерацијата веќе потврди дека новиот селектор ќе биде странец, а процесот на избор ќе започне веднаш по ждрепката за квалификациите за Европско првенство 2028.

























