Еден од најискусните активни ракометари во Србија, Александар Стојановиќ, во пролетниот дел од сезоната ќе има нов предизвик во кариерата.
41-Годишниот десен бек, кој своевремено ги бранеше боите на Вардар (2004-2006) и Металург (2009) ќе игра тимот на Металац Краљево.
Стојановиќ ја започна сезоната во суперлигашот Рудар Костолац, но реши да си замине поради лошата финансиска ситуација.
Поранешниот српски репрезентативец ќе се обиде да му помогне на Металац во битката за пласман во елитната конкуренција.
Стојановиќ има богата кариера, во која покрај во Македонија играше и во словенечките Целје и Копер, унгарскиот Балмазујварош, а најдолго време беше дел од швајцарскиот Кадетен – дури седум сезони.
Настапуваше и за турската Анталија, францускиот Истр и израелскиот Бнеи Херцлија, а во татковината ги носеше дресовите на Врбас, Партизан, Железничар, Гоч Меркур и Врање.