Некогашна вардарка се враќа во Турција, има нов клуб

Своевремено една од најталентираните руски ракометарки, Алена Ихнева, во новата сезона одново ќе стане интернационалка.

По една сезона во рускиот тим Черноморочка Новоросиск, Ихнева се враќа во Турција и ќе игра за Бурса.

Тоа ќе биде нејзиниот трет тим од Турција, откако претходно играше за Кастамону и Анталија Коњалти со кој го освои трофејот во ЕХФ Европскиот Куп.

Ихнева низ кариерата покрај за матичната Лада, две сезони мина и во Вардар, а потоа патот ја водеше низ Франција (Флери Луар), Хрватска (Подравка), Русија (Астраханочка), Унгарија (Кишварда), а во Турција играше четири сезони пред камбекот во Русија.