Некогашната ракометарка на Вардар, Марија Петровиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Таа потпиша за составот на Таргу Жиу, а тоа ќе биде трет романски тим за кој ќе настапува српската репрезентативка.
Петровиќ потекнува од Наиса Ниш, беше членка на Извор Буковичка Бања од Аранѓеловац, пред во 2017 година да дојде во Скопје.
По прекинот на проектот ЖРК Вардар, Петровиќ замина во Романија, играше за Валчеа, а последните пет сезони ги мина во Глорија Бузау.