Поранешната ракометарка на Металург, Кристина Лишчевиќ, која во Македонија го имаше првото интернационално искуство, пред две години заплива во музичките води.
Србинката се уште е активна на ракометните терени, настапува во шампионатот на Романија, поточно во Дунареа Браила, и во слободно време се занимава со музика.
Лишчевиќ по дебитанската песна „Ќе победам“, доби охрабрување од ракометните љубители, па така минатата година го издаде и вториот сингл „Кој е најдобар“.
Со нејзината втора песна ја забавуваше ракометната публика на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во Будимпешта.
Таа пред извесен период ја препеа легендарната „Јесен у мени“ од Аки Рахимовски и хрватската рок-група „Парни Ваљак“.
Слушнете како звучи…
View this post on Instagram