Некогашната голманка на Кометал Ѓорче Петров, Бранка Јовановиќ, го засили стручниот штаб на рускиот вицепрвак Ростов Дон.
Таа влезе во стручниот штаб на Ирина Дибирова во Ростов Дон, и ќе работи со голманките Анастасија Лагина и Јулија Грацкевич.
Јовановиќ дебитираше на клупата на мечот со Динамо Синара, а беше и на мечот во Москва, кој Ростов Дон го доби против шампионот ЦСКА.
Србинката во богатата играчка кариера освен дресот на Кометал ЃП, ги носеше и оние на Младост, Раднички Белград, ОРК Белград, Крим, Есбјерг и Дин Ниш, а во моментов е дел од стручниот штаб на Урош Брегар во српската репрезентација.