Некогашен вардарец се враќа во Лигата на шампионите – има три понуди на маса!

Некогашниот ракометар на Вардар, Бакари Диало, многу веројатно ќе си замине од францускиот Тулуз на крајот на сезоната.

Покрај понудата од полскиот првак Висла Плоцк, за Диало се заинтересирани уште две француски клубови.

Станува збор за Монпелје и Нант, кои веќе доставиле понуди до некогашниот член на „црвено-црното“ семејство.

Откако со Вардар беше дел од Лигата на шампионите пред три сезони, Диало од есен би можел одново да заигра во најелитното натпреварување.