Некогашниот ракометар на Вардар, Анте Кудуз, би можел да се врати на европскиот континент по една краток период во Катар.
Според „RTHandball“, Кудуз е на радарот на бундеслигашот Фленсбург, кој иако го доби Марко Гргиќ како замена за Мадс Менса Ларсен, посакува уште еден ракометар.
Хрватот со романски пасош играше за катарскиот Ал Араби, но понуда од освојувачот на трофејот во Лигата на Европа може да го врати на Стариот континент.
Кудуз играше за Вараждин, Дижон, Винтертур, пред да се пресели во Динамо Букурешт каде мина седум сезони со краток прекин кога играше за Вардар.