Некогашниот ракометар на Чеховски Медведи, Вардар и Веспрем – Данил Шишкарев, во моментов е дел од руската ЦСКА Москва.
Десното крило кое со Вардар се искачи на европскиот врв и кое има 37 години, во интервју за рускиот „Брз Центар“, откри кога планира да ја заврши кариерата.
„Може да играте и после 37 години, но секако ако обрнувате вниманието на телото, исхраната, фитнесот. Тимур Дибиров скоро до 42 години играше, а Ханс Линдберг дури до 44. Но и после ракометот има живот! Јас ќе играм веројатно уште оваа и следната сезона, па потоа ќе заминам во спортска пензија“, откри Шишкарев.
Русинот потекнува од Динамо Астрахан, четири години играше за Чеховски Медведи, потоа шест за Вардар, а тоа е периодот кој е најплоден во неговата кариера. По една сезона во Веспрем и Чеховски Медведи, од 2022 година е член на ЦСКА Москва.


























