Некогашен тренер на Еурофарм Пелистер ќе го води египетскиот Замалек

Поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, е нов тренер на египетскиот Замалек.

Бабиќ поради „приватни причини“ се раздели со хрватскиот Сесвете, но не чекаше предолго за нов ангажман.

Замалек го отпушти Франк Морис по убедливиот пораз од Барселона на Светското клупско првенство и сега се реши за балканска варијанта.

Бабиќ го водеше Еурофарм Пелистер oд 2020 до 2022 а потоа беше дел од Подравка, Олимпијакос и Сесвете.

Претходно покрај на селекторското место во Хрватска, работеше и во словенечкиот Горење, белорускиот Мешков Брест, хрватскиот Сплит…