Српскиот стратег Александар Радосављевиќ е нов шеф на стручниот штаб на Куманово, тим што ќе се бори за опстанок во елитната македонска конкуренција.
Договорот помеѓу двете страни е со важност од две години, а Радосављевиќ зад себе има богато искуство и последниот негов ангажман е како тренер на босанскиот Леотар.
Тој доаѓа на местото на Љубиша Димковски, а во кариерата ги има водено и клубовите на Горажде, Врање, Металац Краљево, Зајечар, Железничар Сараево, како и женските тимови Напредак Крушевац, Бамби Пожаревац, Металац и грчкиот Орми Патрас.
Овој искусен стратег во своето богато портфолио ја има водено женската младинска репрезентација на тогашната Србија и Црна Гора, машката кадетска репрезентација на Србија како и машката сениорска репрезентација на Босна и Херцеговина.
























