Српскиот чувар на мрежата Лазар Миниќ, кој бранеше за тимот на Вардар Неготино во сезоната 2023/2024, ќе има нов предизвик во кариерата.
По настапите за рускиот тим Воронеж на стартот на минатата сезона и за швајцарскaта Женева, Миниќ се сели во финскиот ЕИФ од ова лето.
Тој кариерата ја започна во Јагодина, во Србија играше за Партизан, Велика Плана, Пожаревац и Топличанин, а потоа имаше интернационална кариера.
Настапуваше за германскиот третолигаш Хошдорф, потоа за исландскиот Хафнарфјордур, италијанскиот Петросино, како и за кипарскиот Парнасос Строволу.