Некогашниот европски првак Бјеловар, со Славко Голужа на клупата ќе се обиде да се врати во хрватската елита.
Искусниот стратег по кратката пауза му се враќа на ракометот и ќе ја преземе клупата на Бјеловар.
Голужа последната работа ја имаше во тимот на Вараждин, каде немаше голем успех, а претходно работеше во Кувајт.
Беше селектор на Хрватска, седеше на клупите на Загреб и Татран Прешов, каде остана најдолго време.



