Некогашната црногорска репрезентативка Ана Милачиќ, кој три сезони од 2011 до 2014 мина во Металург, сега има работа надвор од ракометните терени.
По дипломирањето на Факултетот за физичка култура, таа работи во администрацијата на Министерството за спорт и млади во Црна Гора.
„Ракометот е моја прва љубов и ми пружи многу повеќе од медали и пехари. Ќе бидам искрена и ќе кажам дека преминот од ракометните терени на работата во Министерството за спорт и млади беше тежок. Многу тешко беше и навикнувањето на новите обврски. Конкретно, сакам што се занимавам со меѓународните релации, конекциите од спортот многу ми помагаат“, изјави Милачиќ на конференцијата во организација на Црногорскиот Олимписки Комитет со тема „Жените за спортот“.
Милачиќ потекнува од Будуќност, настапуваше две сезони во српската Наиса Ниш, хрватската Локомотива Загреб, како и црногорските Бисери, пред да дојде во Автокоманда.
По заминувањето од Скопје, Милачиќ, настапуваше долго време во Грција за Јонијас, Патрас, ПАОК Солун, АЕК Атина, со кои освојуваше титули во јужниот сосед на Македонија.