Некогаш играше за Металург, сега има нов клуб во Хрватска

Некогашниот среден бек на Металург, Марко Тарабокија, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.

Ракометарот со огромно искуство и настапи на највисоко ниво, вклучително и во Лигата на шампионите, пристигна во редовите на Рудар.

Тарабокија зад себе има богата кариера во која ги бранеше боите на Висла Плоцк, Загреб, Марибор, Металург, Азоти Пулави, Чурго, Дабас, Сесвете и Метковиќ.

Искусниот плејмејкер со своето знаење и искуство сигурно ќе биде од голема помош во битката на Рудар за што повисок пласман во хрватскиот шампионат.