Некогашниот среден бек на Металург, Дамир Батиновиќ, и во новата сезона ќе го води составот на Метковиќ Механика.
Минатата сезона му беше прва во тренерската кариера, а ја заврши успешно и опстанокот во хрватската елитна конкуренција беше обезбеден.
„Убедени сме дека е ова почеток на една добра и успешна соработка“, напишаа на социјалните мрежи од клубот.
Батиновиќ потекнува од Метковиќ, потоа играше за Медвешчак и словенечкиот Марибор, пред во 2011 да се пресели во Автокоманда каде остави одличен впечаток и остана две сезони во ерата на Лино Червар.
Потоа пет години играше во Франција, во тимовите на Сесон Рен и Трембле, а во 2018 замина во Луксембург, каде настапуваше пет сезони за Ред Бојс Диферданж пред да ја заврши играчката кариера.
Тој во новата сезона во Метковиќ ќе има и македонски интернационалец, а тоа е десниот бек Дејан Гошевски.