Поранешниот играч на Металург, Јануш Лапајне, по подолго време ќе се врати на Балканот и ќе го засили српскиот шампион Партизан.
Како што пишува „Моцарт Спорт“, Лапајне е на добар пат да се пресели во Белгард и да стане десеттото засилување за тимот на Ѓорѓе Чирковиќ.
Лапајне играше долги години во Швајцарија за тимовите на Луцерн Криенс, Базел и Амичитија Цирих, но последниот тим прогласи банкрот, па Словенецот беше слободен во изборот на нова средина.
По заминувањето од Металург во 2018 година, Лапајне играше три сезони во словачкиот првак Татран Прешов.