Нејц Цехте стана „лисица“ – Фуксе му посака добредојде на Словенецот

Германскиот шампион Фуксе Берлин денеска го промовираше десниот бек Нејц Цехте, кој потпиша договор до крајот на сезоната.

Тој ќе биде замена за повредениот капитен Фабијан Виде, кој ќе ја пропушти целата сезона и „лисиците“ очекуваат Цехте да ја преземе неговата улога.

Ова е камбек за Цехте во Германија, каде што четири сезони настапуваше за Хановер, а одново ќе соработува со тренерот Николај Крикау со кој беа заедно во ГОГ Гудме.

На десната бековска позиција во Фуксе голема минутажа има Матијас Гидсел, па најголемите задачи на Цехте ќе бидат во дефанзивата на тимот.

Словенецот веќе играше за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, па ќе биде во ростерот само за средбите во Бундес лигата.