Неготинско-кавадаречка врска за триумф во Гостивар

Тимот на Вардар Неготино славеше на гостувањето кај Јехона со 39-35 во натпреварот од прволигашкиот плеј-оф.

Предводени од кавадарчанецот Костадин Петров и неготинецот Драган Кузманов, вардарци ги освоија бодовите во Гостивар.

Домаќините беа конкуренти особено во првото полувреме, но немаа сили за камбек во мечот по негативата во второто полувреме.

Петров и Кузманов дадоа по девет голови за неготинци, додека кај Јехона се истакна искусниот Салиу со 12 голови.

Вардар Неготино има десет бода на шестата позиција, додека Јехона е на десеттото место со четири бодови.