Вардар Неготино по изненадувачкиот пораз од Текстилец, нанижа четврта победа по ред во прволигашката конкуренција.
Избраниците на Игор Котевски иако губеа со пет гола во првото полувреме, 12-7, направија комплетен пресврт и победија кај Партизан Гевгелија со пет гола, 36-31.
Неготинци уште во првото полувреме ја надоместија негативата и поведоа со три погодоци, 17-14.
Мице Шилегов даде осум гола, а Пере Пеовски седум за Вардар Неготино, додека 14 голови за Партизан Гевгелија постигна Илија Пејковски.
Вардар Неготино сега се израмни со „витамините“ од Автокоманда и Драчево Јуниор со 16 бода на втората позиција.
Во следното коло неготинци ќе гостуваат во Автокоманда, додека Партизан Гевгелија доаѓа на мегдан на Македонија Ѓорче Петров.
























