Тимот на Вардар Неготино славеше убедливо во пресметката со Овче Поле со 34-15, во рамките на прволигашкиот плеј-оф.
Домаќините поведоа со 8-1 уште на стартот и практично го решија прашањето на победникот, а на паузата беше 15-7.
Второто полувреме беше само формално одработување на задачата и шанса за настап добија сите ракометари.
Костадин Петров со девет гола ја предводеше листата на стрелците кај неготинци, а Јован Јовановски имаше седум погодоци. Кај Овче Поле, Кристијан Коцевски реализираше четири пати.
Вардар Неготино сега е шести на табелата со 12 бодови, додека Овче Поле е на седмата позиција.