Тимот на Вардар Неготино донесе две засилувања за пролетниот дел од сезоната, односно за прволигашкиот плеј-оф.
Неготинци се засилија со двајцата велешани – Лазар Стојанов и Илија Димов, кои есенскиот дел од Првата лига го носеа дресот на Драчево.
Стојанов настапува на левата бековска позиција, додека Димов е организатор на играта и ќе бидат важни алки во играта на тимот предводен од Ратко Вељанов.
Вардар Неготино обезбеди место во плеј-офот на Првата лига, а до крајот на регуларниот дел ќе играат против Македонија Ѓорче Петров, Младост Богданци, Драчево и Партизан Гевгелија.