Некогашната членка на Вардар, Андреа Лекиќ, минатиот викенд во Келн на машкиот Ф4 имаше поинаква улога од оние во кои сме навикнале да ја гледаме.
Таа беше дел од шоуто на ЕХФ на платформата „Твич“ и заедно со медиа тимот на европската куќа на ракометот ги коментираше натпреварите.
Во „Ланксес Арена“ минатиот викенд играа Барса, ПСЖ, како и Магдебург и Келце, кои се бореа за титулата во спектакуларно финале.
Средниот бек од Србија, што пет години го носеше „црвено-црниот“ дрес оваа сезона се врати на женскиот Ф4 со тимот на Ференцварош и го освои второто место.
Во видео прилогот може да погледнете дел од коментарите на Лекиќ на натпреварите на Ф4…