Најголемите поддржувачи на Хрватска ќе ја бодрат репрезентацијата и во натпреварот за злато на Мундијалот.
Најавени се најмалку четири чартер-летови од хрватската престолнина Загреб за Осло в недела каде што ќе се игра финалниот натпревар.
Хрватските навивачи ќе мора да издвојат најмалку 800 евра за аранжманот кој не вклучува ноќевање, туку само лет и билет за натпреварите.
Се патува во недела наутро, се следат двата меча од 15:00 и од 18:00 часот во „Унити Арена“, и следува пат назад кон дома.
Тоа значи дека Хрватска во Осло ќе има поддршка од најмалку 1.000 навивачи, но јасно е дека ако Данска се пласира во финалето, нивната поддршка од трибините ќе биде многу поголема.