Селекторот Кире Лазаров ќе смета на 17 ракометари за пријателскиот двомеч со селекцијата на Романија.
Поради повреди од првичниот список отпаднаа Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриновски и Павле Атанасијевиќ.
На собирот не дојде ниту долгонајавуваниот Николас Најденовски од шведскиот тим Луги, но и покрај тоа Лазаров не повика нови ракометари.
Првиот натпревар против Романија ќе биде од затворен тип в петок, додека втората средба е на програмата в сабота од 16:30 во „Данубиус“ во Браила.
Овие два меча се дел од подготовките за бараж двомечот против Фарски Острови за пласман на СП 2025 што ќе се играат во мај.
Состав на Македонија: Томовски, Кизиќ, Галевски, Пешевски, Карасманакис, Стојковиќ, Лазаревски, Кузманоски, Атанасијевиќ, Стоилевски, Серафимов, Савревски, Талески, Омерагиќ, Митев, Џонов, Ѓорѓиев