Натпреварот од 10 коло во Првата лига меѓу „витамините“ од Автокоманда и Партизан Гевгелија не се одигра.
Гостинскиот тим од Гевгелија го немаше во ростерот минималниот број на ракометари за да се одигра мечот спорез пропозициите – 12.
Затоа мечот не стартуваше, по половина час загревање двете екипи се повлекоа од теренот и ќе биде дополнително регистриран со службен резултат.
„Витамините“ ќе го добијат мечот со 10-0, а на Партизан Гевгелија ќе му биде одземен и еден бод од бодовното салдо.
Ова треба допрва да биде потврдено од Ракометната федерација на Македонија.
























