Не само Кико – Барса ги сака браќата Кошта во пакет!

Каталонскиот гигант веќе се помири со судбината дека во 2027 година ќе го загуби францускиот репрезентативец Дика Мем, па веќе активно бара негова замена.

Според шпанските медиуми, главниот фокус е на десниот бек на Спортинг Лисабон и португалската репрезентација Кико Кошта.

Сепак „RTHandball“ пишува дека каталонскиот гигант покрај Кико, го посакува и неговиот брат, левиот бек Мартим Кошта.

Браќата Кошта имаат договори со Спортинг Лисабон до 2030 година, но многу веројатно и откупни клаузули во нив.

Барса не е клуб што купува играчи со оштета, но кога се работи за двајцата најдобри португалски ракометари пред кои е сјајна иднина, може и ќе го „одврзе ќесето“.