„Не размислував ниту минута“ – Апелгрен ја продолжи верноста кон ПИК Сегед

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед објави дека го продолжи договорот со шведскиот стратег Микаел Апелгрен до летото 2028 година.

Апелгрен го презеде кормилото на клубот во 2024 година, а под негово водство Сегед одигра 64 натпревари и во април годинава го освои Купот на Унгарија.

„Многу ми се допаѓа да работам во Сегед. Чувствувам дека постојано се развиваме и се движиме во вистинска насока. Минатата сезона имавме незаборавни моменти, а сега нè очекуваат потешки времиња поради повреди. Но, кога ќе помине овој период, ќе бидеме уште посилни,“ изјави Апелгрен.

Паралелно со клупската работа, Апелгрен ја извршува и селекторската функција во машката репрезентација на Шведска.