На денешната ракометна програма се одиграа неколку пријателски натпревари пред почетокот на Европското првенство 2024 во Германија.
Како што е познато, репрезентацијата на Македонија триумфираше во пријателскиот меч против јужниот сосед со 33:30 (18:15).
Ривалите на Македонија во групата А на континенталниот собир, репрезентациите на Швајцарија, Франција и Германија, исто така триумфираа на денешните пријателски натпревари.
Швајцарија ја совлада Романија со 37:31 (15:11) и покажа дека се наоѓа во добра форма пред стартот на континенталниот собир, додека Франција во рамки од турнирот од Златната лига немаше проблеми против Тунис, триумфираше со 35:26 (20:13).
Репрезентацијата на Германија во Фленсбург славеше против незгодната селекција на Португалија со 34:33, иако на полувремето водеше со четири гола, 18:14.
Грузија, која ќе биде еден од дебитантите на Европското првенство, целосно ја надигра Саудиска Арабија со 31:26 (16:12).
На останатите дуели, репрезентацијата на Хрватска беше подобра од Црна Гора со 29:25 (14:13), Србија немаше проблеми против Словачка, дојде до убедлив триумф од 31:24 (16:14), додека БиХ претрпе висок пораз од Аргентина од девет гола разлика, 32:23 (15:14).
Во неизвесен натпревар, без победник одиграа Данска и Норвешка, 27:27 (13:15), а холанѓаните загубија од Египет со 30:28 (13:15).