Еурофарм Пелистер предводен од Бранко Ангеловски успеја да ја одбрани шампионската титула во Суперлигата, а за тоа дали тој е долготрајно решение за клупата на битолскиот тим, вели:
„Искрено немам договор, но имам џентлменски однос со првите луѓе на клубот. Едноставно не гледам потреба дека за клубот во кој сум пораснал, во кој сум ги направил првите ракометни чекори и кој ми дал многу, пред се ветер во грб за да излезам надвор од Битола и да се докажувам во други земји ми е потребен договор. Работам како да ќе бидам десет години во клубот и сугерирам, други одлучуваат, за некоја подалечна иднина, но свесен сум дека за десет минути можам да бидам сменет. Тоа го сметам за нешто нормално во мојата професија и ќе ја земам за пример ланската сезона која ја завршив без ниту еден пораз во Првата лига, но знаев дека ќе бидам сменет, се чувствуваше тоа. Но, во ниту еден момент не влијаеше на мојата работа со екипата. Никогаш нема да бидам тој што ќе го кочи развојот на некој клуб, а особено не на клубот од мојот град. Ако почувствувам такво нешто сам ќе се тргнам, но засега како стојат работите ќе бидам тренер.“
Подолу прочитајте го целосното интервју со битолскиот стратег.
ИНТЕРВЈУ БРАНКО АНГЕЛОВСКИ: Името Пелистер те тера на резултат, на освојување трофеи