Унгарскиот клуб Татабања кој игра „топло-ладно“ во домашниот шампионат и не ги оствари зацртаните цели на европска сцена, во вториот дел од сезоната ќе има нов тренер.
По поразот од тимот на Чургу, како и елиминацијата во Лигата на Европа, раководството на клубот го раскина договорот со довчерашниот тренер Томбор Шчаба.
Кристијан Угалде и Јакаб Сибалин ќе ги водат сино-белите во преостанатите 2 натпревари за оваа година. Во следниот период клубот ќе биде во потрага по најдоброто можно решение за вториот дел од сезоната.
Татабања на 12 одиграни натпревари во шампионатот на Унгарија оствари осум победи и четири порази и моментално се наоѓа зад актуелниот лидер Веспрем и второпласираниот ПИК Сегед.
Клубот во Лигата на Европа во група со Констанца, Спортинг и Хобри Глогов не успеа да обезбеди место во главната фаза, а европските амбиции беа многу големи.
За Татабања настапуваат некогашните пелистерци – десниот бек Матео Мараш, голманот Мартон Секељ, средниот бек Јосип Периќ, левиот бек Немања Обрадовиќ и кружниот напаѓач Петар Топиќ, кој играше и за Металург.